Управување на ИТ - ITIL
Како поефикасно да се искористат инструментите на современите ИТ, за да се добие ново забрзување на работата?
Денешниот развиен и динамичен бизнис има потреба од квалитетни ИТ услуги – со пристојана цена при побарување. Тоа не може да биде постигнато со стариот начин на управување со ИТ како технолошка структура. Овде ние можеме да помогнеме преку употреба на ITIL (Information Technology Infrastructure Library) – најдобрите искуства за управување на ИТ. Со воведувањето на ITIL, ИТ и деловните луѓе ќе почнат да планираат заедно, да ги контролираат процесите заедно, да ги тргнат сите препреки помеѓу себе и да имаат една општа цел. Лесно ќе можете да разберете што точно овозможуваат луѓето од ИТ одделот и како да ги оценувате услугите, кои што ги добивате од нив. На овој начин заедно ќе ја направиме вашата ИТ организација потранспарентна за управување.
Ревизија на информациските системи
„Лирекс БГ“ е единствената организација во Бугарија, која што е сертифицирана по ISO9001:2000 за ревизија на информациските системи. Ревизијата на системите е дел од процесот на управување со ИТ, која што е тесно поврзана со оценката за состојбата на информациските системи и стратешкото спроведување на целите на организацијата од ИТ групата. Уште...
Проектирање на ИТ архитектурата и системите
Создавањето и развојот на корпоративната ИТ инфраструктура бара претходно планирање и формирање на единствена концепција и стратегија. Таа е и услов за создавање на ефикасна и долгорочна инвестициска политика, како и гаранција за компатибилност на програмите и управувањето на информацискиот сервис. Системскиот пристап, карактеристичен за решенијата и услугите кои што ги предлагаме, го обезбедува реалното достигнување на конкурентните предности од примената на информациските технологии.
Информациска безбедност
Од деловна гледна точка, информациската безбедност е еден од најважните аргументи за управување на информациските системи и безбедното зачувување на податоците во организацијата. Нашите експерти од оваа област ја разгледуваат информациската безбедност како комплекс од организациски и технички активности:
- Развивање и имплементирање на системот од полиси, процедури и инструкции за организацијата на процесот на информациската поддршка и одговорностите на разновидните корисници во информацискиот процес;
- Обука, консултации и техничка помош при поддршката на утврденото ниво на информациската безбедност;
- Засилување на корпоративната безбедност преку претставување на современи ИТ-основни методи и технологии, како: криптографска заштита, електронски потписи и други. Уште...
Управување со бизнис трансформациите
Што да промениме во организацијата на својата работа, за да заземеме лидерска позиција?
„Надградување”, „актуелизирање” се термини, што се среќаваат во речниците за создавање на успешни компании. Зад нив стојат процесите на трансформација од старата кон новата состојба, на ниво на организациска структура, портфолио на производот, канали за дистрибуција и др. Нашиот тим има знаење и искуство за правилно дефинирање на задачата за трансформацијата, за избор на соодветните механизми за спроведување на трансформацијата, за одбележување на потенцијалните проблеми и ризици во претходниот период, за определување на критериумите за завршување на трансформацијата и трајното утврдување на новата состојба.
Управување со бизнис процесите
Добро дефинираните, организирани и беспрекорно извршените процеси во една современа компанија се предуслов за зголемена конкурентност, намалени трошоци, зацврстување на пазарните позиции и поголема флексибилност при променливите пазарни услови. Како одговор на современиот развој на компаниите, нашите консултантски екипи предлагаат насоки за интензивно управување и оптимизирање на овие процеси преку воведување на најдобрите пракси од областа. Базирајќи се на своето богато искуство, ние можеме да ви предложиме разработка и имплементирање на системите за управување на взаемните односи со клиентите (CRM), за управување на бизнисот (ERP), за управување со испораките (SCM), за управување со внатрешните услуги (HelpDesk, call-centre), за управување со обуката (e-learning), за управување со документацијата (e-book, Secret Book) и за управување на комуникациите (IPCC, virtual PBX, call-rec).
Обука
Нашиот центар за професионална обука спроведува специјализирани курсеви од областа на информациските и мрежни технологии. Сертифицираните лектори со кои што работиме, имаат богато академско и практично искуство во изградувањето и поддржувањето на комплексните информациски и комуникациски мрежи и системи. Програмите, кои што ги предлагаме се насочени, како кон почетниците во сферата на ИКТ, така и кон докажаните професионалци, имајќи потреба од актуелизирање на знаењата и стандардните пракси. Дополнително кон специјализираните курсеви, центарот организира и обуки за здобивање на професионални знаења и развој на клучните компетенции, како: управување со проекти и човечки ресурси, тимска работа, ефикасно презентирање и др.
Центарот за професионална обука располага со две модерно опремени учебни сали во Софија. Има директен пристап до мрежната лабараторија, овозможувајќи спроведување на индивидуални практични обуки, потребни за визуелизирање на учебниот материјал и утврдување на наученото.



