Дома » Дејности » Консултантски услуги » Информациска безбедност

Информациска безбедност

Од бизнис гледна точка, информациската безбедност е еден од најважните аргументи за управување со информациските системи и безбедното зачувување на податоците во организацијата. Нашите експерти во оваа област ја разгледуваат информациската безбедност како комплекс од организациски и технички дејности:

  • Развој и имплементација на системот од полиси, процедури и инструкции за организација на процесот на информациските услуги и одговорностите за различните функции и улоги на корисниците во информацискиот процес;
  • Обука, консултации и техничка помош при поддржувањето на полисите, утврдени од нивото на информациска безбедност;
  • Зацврстување на корпоративната безбедност преку употреба на современите ИТ-основни методи и технологии, како: криптографска заштита, електронски потписи и други.

Експертите на Лирекс БГ, во дадена област, употребуваат добри пракси за информациска безбедност и ги следат меѓународните стандарди како:

  • ISO 9001:2000 во областа на управувањето со квалитетот на дадените решенија;
  • BS 7799-2:2002;
  • ISO/IEC 17799:2005 - Information Security Management Systems;
  • ISO/IEC 27001:2005;
  • ISO/IEC 27002:2007;
  • ISO 19011:2002 – Насоки за квалитетот и/или ревизија на системското опкружување;
  • ISO/IEC TR 1335 ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ - Раководни принципи за управување на безбедноста на информациските технологии;

Лирекс БГ има искуство во областа на апаратите за отчитување на документи и стандардите за нивно безбедно искористување како:

  • ICAO: ICAO NTWG, Biometrics Deployment of Machine Readable Travel Documents;
  • ISO/IEC FCD 19794-5:Biometric Data Interchange Formats – Part 5: Face Image Data;
  • ISO/IEC FCD 19794-4:Biometric Data Interchange Formats – Part 4: Finger Image Data;
  • ANSI/NIST-ITL 1-2000 Standard “Data Format for the Interchange of Fingerprint, Facial, Scarmark & Tattoo (SMT) Information

Вградувањето на решенијата поврзани со Информациската Безбедност се во тесна врска со одредени нивоа на доверливост кон организацијата и тимот преку директно учествување во проектите. Затоа, архивата на Лирекс БГ се занимава како со Бугарската, така и со НАТО класифицираната информација. Голем број професионалци (над 50) од сите оддели во Лирекс БГ, имаат пристап до класифицираната информација на различни нивоа(според неопходноста и проектот). Група од топ-експерти на Лирекс БГ поседуваат сертификати за пристап до NATO Secret информацијата. Клиенти, кои што и се доверуваат на Лирекс БГ за инсталации и консултирање во областа на информациската безбедност, се: Министерството за Внатрешни работи, Министерството за Одбрана, Државната агенција за информациска технологија и комуникација, АЕЦ „Козлодуј”, Лукоил, Петрол, ДАНС, Солвеј Соди, Челопеч Мајнинг, ING пензиско осигурување и други.

Контакти:
Централна Канцеларија и
Центар за поддршка:

тел: +389 (2) 322 4157
e-mail:


Зошто компаниите Лирекс?

  • Имаме долгогодишно искуство;
  • Сите наши проекти се успешни;
  • Постојано инвестираме во усовршувањето и развојот на нашите експерти и во изучувањето на иновативните технологии;
  • Предлагаме полно портфолио на услуги – од ревизија, преку проектирање и реализација, до обука и пост гаранциска поддршка.

По што се разликуваме?

  • Нашите клиенти се наши партнери;
  • Ние не само што ги имплементираме иновативните технологии, туку и ја зголемуваме вредноста на вашиот бизнис;
  • Секогаш ги одржуваме нашите ветувања.