Серверна архитектура
Ви предлагаме широк спектар од услуги во областа на дизајнот, вградувањето и поддршката на серверните инфраструктури, базирани на провајдери, како: HP, Dell, Microsoft, SUN, BEA, Oracle, VMware, Symantec и други. Имплементираме системни решенија за интегрирано управување на ресурсите и корисниците на информациските системи на нашитете клиенти. Ги употребуваме средствата на MS Active Directory Services, MS Exchange, MS SMS и множество други од Back-Office пакетот на Microsoft.
Исто така ви предлагаме решенија за ефикасно управување на инфраструктурата. Извршуваме проектирање и спроведување на трансформацијата кон централизираните модели за поддршка преку консолидирање на програмите, базите на податоци и ресурсите, употребувајќи:
- Серверни групи, полиња на дискот и системска поддршка;
- Центри за обработка и зачувување на информацијата;
- Резервни центри за обработка и зачувување;
- Решенија за гаранција на континуитетот на информациските услуги.



