25 Years Lirex.com - IT Innovations

Инфраструктурни решениjа

Искуството, стекнато од изградбата на многубројните иновативни проекти, не потврдува како технолошки лидер, кој ги задоволува потребите од оптимизација на бизнис процесите на нашите клиенти и ја зголемува нивната ефикасност.

Инфраструктурни решениjа

Серверна архитектура

Ви предлагаме широк спектар од услуги во областа на дизајнот, вградувањето и поддршката на серверните инфраструктури, базирани на провајдери, како: HP, Dell, Microsoft, Oracle, IBM, BEA, VMware, Symantec и други. Имплементираме системни решенија за интегрирано управување на ресурсите и корисниците на информациските системи на нашитете клиенти. Ги употребуваме средствата на MS Active Directory Services, MS Exchange, MS SMS и множество други од Back-Office пакетот на Microsoft.

Исто така ви предлагаме решенија за ефикасно управување на инфраструктурата. Извршуваме проектирање и спроведување на трансформацијата кон централизираните модели за поддршка преку консолидирање на програмите, базите на податоци и ресурсите, употребувајќи:

  • Серверни групи, полиња на дискот и системска поддршка;
  • Центри за обработка и зачувување на информацијата;
  • Резервни центри за обработка и зачувување;
  • Решенија за гаранција на континуитетот на информациските услуги.

Мрежна архитектура

Со нашето богато искуство како прв златен партнер на Cisco во Бугарија, ние ги проектираме, имплементираме и поддржуваме современите мрежни решенија, базирани на широката палета од производи, како на Cisco, така и на множеството други наши партнери. Решенијата, кои што сме ги вградиле кај клиентите, вклучуваат безжични технологии, аудио комуникации, решенија за маршутизирање и комутирање, решенија за пренос на податоците меѓу полињата од дискови и системи за заштита на информациската безбедност.

За мрежните, инфраструктурни и комуникациски решенија за размена на звуци и податоци, кои што ги предлагаме на организациите со територијално оддалечени канцеларии и структурните оддели, ги употребуваме технологиите како VPN и MPLS. Решението L-Connect VPN

Виртуализација

Предлагаме решенија за виртуализација на серверните инфраструктури со цел брзо и постојано намалување на трошоците и централизирање на управувањето. Технологиите, кои што ги употребуваме, се водечки во областа на виртуелизацијата и ги вклучуваат HP Partitions на Integrity и Superdome серверите, SUN-основните виртуелни решенија, решенија на лидерот во инфраструктурната виртуализација – VMware и не на последно место Microsoft Virtual Server. Решенијата, базирани на виртуелната платформа, остварија поголема продуктивност и флексибилност како одговор на промените во потребите на бизнисот.

Аудио решенија

Ние сме пионери со над 10 годишно искуство при воведувањето на целосни VoIP решенија во Бугарија. Нашите клиенти за овој тип на решенија се од водечките мобилни, фиксни и алтернативни оператори, во големите корпоративни компании, до мали фирми со барања за 5-10 претплатнички места. Ова се должи на високиот професионализам на нашата екипа и успешното партнерство со технолошките VoIP лидери како Cisco, Comverse и Polycom. Нашата компанија е единствениот официјален интегратор за Бугарија на целосни softswitch решенија од лидерот во оваа област – Comverse. Решенијата што се проектирани и имплементирани од наша страна, вклучуваат: IP trunking; виртуелни телефонски централи IPCentrex; домашни претплатници; IVR; Session Border Controller (SBC) за заштита на звучната мрежа; даночниот систем на MIND CTI; Изградба на врските меѓу традиционалната телефонска мрежа и IP телефонијата преку Cisco PGW.

Видео конферентни решенија

Предлагаме системски решенија за видеоконферентни врски, кои што помагаат за оптимизација на оперативните трошоци за транспорт, логистика, наредби и не на последно место време. За да ги задоволиме потребите на нашите клиенти од видео конферентните решенија, ние ги базираме на изготвена анализа за потребите, потоа правиме предлог, го вградуваме решението и предлагаме поддршка. Ние сме една од првите компании, кои што ги имплементираа решенијата на Polycom–лидерм на пазарот за видео конферентни системи.
Polycom решения

Физичка безбедност

Лирекс БГ е главен снабдувач и интегратор на ИТ-основните системи за:

Обезбедување на високо ниво на физичка заштита на објекти преку:

  • Решенија за обезбедување по периметар; L-Secure Perimeter
  • Решенија за активен видео надзор и контрола; L-Secure View
  • Решенија за физичка контрола на пристапот на лица и МПС. L-Secure PAX

Мониторинг, контрола и ограничување на ризикот во животната средина преку:

  • Решенија за градски видео надзор со интегрирани функции за активна превенција на престапните пројави, нарушувајќи го јавниот ред и безбедноста на граѓаните; набљудување иуправување на сообраќајот, мониторинг на параметрите на околната средина; Безбедна градска средина
  • Решенија за звучна трансмисија, рано предупредување и управување со кризни ситуации во градската средина со можност за реакција од зоната на настанот;
  • Решенија за изградба на Зони за безбедност и информациско потпомагање на граѓаните како дел од стабилната градска средина. (Карактеристики на зоната за безбедност: засилен видео надзор, видео конферентна врска со Центарот за набљудување и контрола, „panic-button” за сигнализација и информациски терминал за пристап до градскиот информациски систем).

Специјализирани високо-технолошки решенија

Како резултат на соработката меѓу нашата екипа од одделот „Истражување и развој” со водечките технолошки лидери во областа на ИКТ и устремената работа, создадовме и утврдивме специјализирани технолошки решенија, во следните области:

  • Индустријален мониторинг и управување; LIPiNET
  • Мониторинг и менаџмент на дејности, поврзани со услуга на клиентите и сервисна поддршкаL-Case
  • Специјализирани ИТ решенија за транспортот и секторот за општествени услуги.
  • Решенија за информациска и физичка безбедност преку биометрична автентикација;
  • Контрола на брзината.

Специјализирани информациски системи

Предлагаме пакет услуги, технологии и решенија за изградба на специјализирани информациски системи за решавање на реалните и значајните бизнис проблеми, вклучувајќи истражување, ефикасност и управување на основните структурно-определувачки бизнис процеси (технолошки мониторинг, управување со субективниот фактор, параметарска анализа во реално време, Следење и контрола на критичните параметри и процеси), консолидирање, пост-обработка и анализа на информациските протоци во реално време.

Решенијата вградени од нашата екипа во областа на специјализиранитеинформациски системи, вклучуваат:

  • Лирекс Модератор– програмска средина за интеграција и консолидација на модулните решенија и ресурси на системите за градско видео набљудување, мониторинг и контрола на ризикот во градската средина;
  • Пиранија – решение за централизирано управување на територијално распоредените системи за разпознавање на регистрациските табелици на МПС, идентификација, истрага и управување на протокот на МПС;
  • Управување со безбедноста на проток од ППС преку лесни и тешки бариери, интегрирани со системите за контрола на пристапот преку RF-карти и разпознавање на регистрациските таблици;
  • Визиграф – програмска средина за интеграција и консолидација на модулните решенија за целите на технолошкиот мониторинг, управување и параметарската анализа на технолошките процеси во реално време – од автоматизирано воведување, првична обработка и оддалечен транспорт до пост-обработка и анализа на информациските протоци. Доказ за ефикасноста на Визиграф се успешно реализираните проекти за:
  • Централизиран мониторинг и обработка на информацијата од територијално распоредените системи од дигитални ваги од транспортниот и од железничкиот превоз во Солвеј Соди – Девња, ОМВ Бугарија. Министерството за животна средина – Проект за одделно собирање и депонирање на отпадоци;
  • Централизиран мониторинг и обработка на информацијата од територијално распоредените системи од: нивомери, општите мерачи на трошоци – Лукоил Бугарија.

Проектирање според Законот за градежни дејности

Извршуваме услуги од областа на проектирање на структурни кабелски системи, системи за противпожарна заштита, безбедносни системи, системи за видео надзор, електрични инсталации и оптички мрежи во согласност со Законот за градежни дејности. Целосно подготвената и детална документација за секоја од системите, вклучувајќи цртежи, шеми, спецификации и др., се дело на наши проектанти, обучени и сертифицирани од производителите на опремата која се нуди. Експертите се со целосна проектанска усогласеност кон Комората на инженери во инвестициското проектирање по делови: електрична, телекомуникации и автоматизација. Високиот квалитет на документацијата и нејзината усогласеност со важечките прописи и правни акти во земјата се загарантирани.