Лирекс БГ сo признание од Cisco за високиот степен на позитивни реакции од клиентите
31.07.2009
Лирекс БГ го достигна највисокото ниво на позитивни реакции од страна на клиентите според скалата на Cisco - Cisco Channel Customer Satisfaction Excellence. „Ова е најголемото признание, кое што партнерите на Cisco можат да го добијат во рамките на програмата Cisco Channel Partner. Признанието Channel Customer Satisfaction Excellence е базирано врз основа на резултатите од проучувањето на задоволството на клиентите во Cisco Partner Access Online, според кои што клиентите,кои што го избрале Лирекс БГ, добиваат беспрекорна поддршка” , коментираа од Cisco Systems.
Со ова признание Лирекс БГ го демонстрира својот стремеж да постигне повисоко ниво на позитивни реакции помеѓу своите клиенти. Компанијата има за цел да предлага ИТ решенија, кои што се специјално проектирани да ги задоволат конкретните потреби на одделните клиенти, како и постојано да го зголемува нивото на и постпродажните и сервисните услуги, кои што ги извршува.



